Saturday, October 3, 2009

Брза мусака















Потребно е:
4 компири
500 г мелено месо
1 главичка кромид
600 г бешамел сос
7 јајца
2 коцки за супа
сол
Бешамел сос:
50 г маргарин
50 г брашно
600 мл млеко
Подготовка: бешамел сос: маргаринот истопете го на средна температура. Додајте го брашното и малку испржете. Со постојано мешање додавајте го млекото и сварете сос. Тргнете на страна да се излади.
Излупените компири сварете ги во насолена вода. На масло пржете ги меленото месо и сечканиот кромид.Кога месото ќе добие боја додајте ги коцките за супа, измешајте.
Јајцата изматете ги, додајте го изладениот бешамел сос, убаво измешајте и по вкус насолете.
Во намрсена правоаголна тава наредете ги компирите исечени на кругови. Распоредете го месото и полијте со смесата од јајца и бешемел сос. Ставете во рерна загреана на 200 степени и печете околу 10 минути, додека површината не добие убава црвена боја.

No comments:

Post a Comment