Saturday, October 3, 2009

Погача со праз















Стасано тесто:
250 г брашно
1/2 коцка свеж квасец
1 лажичка сол
125 мл млака вода
1 лажичка шеќер
10 лажици масло, може и маслиново
Фил:
2 страка праз
тимијан
2 лажици масло
сол, црн пипер
200 г кисела павлака
1 јајце
рендано морско оревче
1  сув колбас
Стасано тесто: брашното исејте го, ставете во соодветен сад и на средина направете вдлабнатина па издробете го квасецот. Додајте малку млака вода, измешајте, наоколу наросете со сол. Оставете 10 минути да стасува. Додајте масло, шеќер и месете 5 минути. Покријте и оставете да стасува додека го удвои волуменот.
За тоа време исчистете го празот и ситно исечкајте. Во тавче ставете масло и пржете го празот, околу 5 минути, да омекне но да не изгори. На крај насолете и наросете со црн пипер.
Јајцето и киселата павлака измешајте ги, додајте црн пипер и рендано морско оревче.
Стасаното етсто земете го од садот и ставете ан работна површина наросена со брашно, неѓно притиснете и расукајте во големина на тавата во која ќе печете, покриена со хартија за печење. Ставете го тестото, малку потренете ги краевите.Оставете малку да стасува. Потоа нанесете ја смесата од јајце и павлака, нафрлете го пржениот рпаз и нафрлете од ситно сечканиот колбас. Печете околу 30 минути во рерна загреана на 200 степени, рабовите убаво да поцрвенат.

No comments:

Post a Comment