Thursday, September 3, 2009

Предјадење од качамак

















Состојки
  • 100 г брашно за качамак или палента
  • 400 мл вода
  • 1 лажица сол
  • 2 лажици масло
  • 10 г путер
  • 150 - 200 г шунка или друга салама
  • 150 г бело сирење
Постапка за изработка: Водата ставете ја да зоврие, додајте сол, масло и путер, имешајте и полека додавајте го брашното. Мешајте додека не добиете густа и мазна смеса. Готовиот качамак истурете го во тава намачкана со маргарин, израмнете и оставете да се излади. Потоа со одреден калап - форма сечете парчиња качамак, шунка и сирење и редете како кули. Наросете со сечкан магдонос и послужете.

Полнети земички

















Состојки
  • 8 земички
  • Полнење:
  • маринирани печурки
  • сечкани домати (исчистени од семки и излупени)
  • рендан кашкавал
  • мајонез
  • сечкани маслинки
  • сечкана шунка
  • маргарин
Постапка за изработка: Исечете го горниот дел од земичките и издлабете ги. Корката и средината од земичката изронете ги на трошки. Загрејте го маргаринот и пржете ги исцедените печурки. Кога ќе омекнат додајте ја шунката и пржете уште неколку минути. Тргнете ја смесата на страна. Кога печурките и шунката ќе бидат изладени додајте ситно сечкана шунка, рендан кашкавал, сечкани маслинки и додајте ги трошките. Се лесно измешајте и поврзете со мајонез. Наполнете ги земичките а по површината наредете кашкавал сечен на тенки резанки. Рерната загрејте ја на 180 степени и запечете ги земичките. Послужете ги топли.

Полнет шведски ролат

















Состојки
  • ½ шоља (од 200 г) брашно
  • 1 шоља млеко
  • 1 лажица путер
  • 2 јајца
  • 4 белки
  • 1 шоља шунка, ситно сечкана
  • 1 главичка кромид, ситно сечкан
  • 1,5 шоља рендано жолто сирење
  • 1 +1/4 шоља сечкан варен спанаќ
Постапка за изработка: Загрејте ја рерната на 175 степени. Правоаголна тава (45 х 30 см) покријте со мрсна хартија за печење. Во длабок сад измешајте ги брашното, млекото, путерот, јајцата и белките. Добиената смеса истурете ја во подготвената тава и посипете со кромид и шунка. Ставете во рерна и оставете да се пече 15 минути, додека јајцата се стегнат. Извадете ја тавата и бргу посипете со иситнетиот спанаќ и ренданото сирење. Со помош на хартијата веднаш завиткајте ролат, убаво притиснете го и оставете неколку минути да се лади. Одвиткајте го ролатот, исечете на парчиња и послужете.

Салама ролат

















Состојки
  • 3 јајца
  • 400 г крем сирење
  • 80 мл павлака за готвење
  • 2 лажички тимијан
  • 100 г брашно
  • сол, црн пипер
  • 1 конзерва излупени домати (или свежи)
  • 4 лажици млеко
  • 80 г црни и зелени маслинки
  • 1 главичка црвен кромид
  • 100 г слама, многу тено сечена
Постапка за изработка: Одвојте ги белките од жолчките. Од белките изамтете цврст снег. Жолчките, 60 г крем сирење, павлака, тимијан, исеано брашно и сол измешајте. Додајте го снегот од белките, лесно измешајте и истурете во плех од шпорет покриен со хартија за пеќење. Ставете во рерна загреана на 180 степени и печете околу 12 минути. Испеченото тесто веднаш префрлете го на влажна кујнска крпа, завиткајте како ролат и оставете да се излади. Доматите исечете ги на коцки. половина од доматите измешајте со крем сирењето, млекото, сол, црн пипер. Маслинките ситно исечкајте ги и додајте во намазот. Одвиткајте го тестото и намачкајте со подготвената смеса, нанесете ги останатите домати, кромид исечен на тенки кругови, тенко исечената салама и завиткајте ролат. Малку притиснете, завиткајте со алуминиумска фолија и префрлете во фрижидер убаво да се излади. Послужете убаво изладено како предјадење.

Ролат со печурки

















Состојки
  • 600 г свеж или замрзнат спанаќ
  • масло
  • 200 г сечкани печурки
  • 200 г изронето фета сирење
  • ½ лажичка рендано морско оревче
  • сол, црн пипер
  • 8 кори за баклава
  • 25 г омекнат путер
Постапка за изработка: Рерната загрејте ја на 180 степени. Спанаќот обарете го, колку да омекне, исцедете го и оставете да се излади. Во тиган загрејте малку масло и пржете ги печурките, да омекнат. Извадете ги од тиганот и префрлете во длабок сад. Додајте го сечканиот спанаќ, изронетото сирење, сол, црн пипер, морско оревче и се лесно измешајте. Смесата поделете ја на осум дела. Кора за баклава со четка намачкајте со истопениот путер. На околу 1/3 од краевите нанесете го, по должина филот и завиткајте ролат. Внимателно префрлете го во тава намачкана со масло. На ист начин подгответе ги и останатите седум ролати. Со истопен путер намачкајте ги ролатите и од надворешната страна. Подготвените ролати печете ги 15 - 20 минути додека не добијат златно жолта боја.

Торта со јајца и колбаси

















Состојки
  • 14 - 16 кришки бел леб (за тост) без кора и исечени на половинки или триаголници
  • 450 г варен и изронет колбас (може и кремвишли)
  • 3 шољи (од 200 г) рендано жолто сирење
  • 12 јајца
  • 3 шољи млеко
  • 2 лажици сенф
  • 1,3 лажичка сол
  • ½ лажичка црн пипер
Постапка за изработка: Длабока тава со обем од 30 см намачкајте со маргарин. Наредете 1/3 од исечените кришки леб. Посипете со по половина од колбасот и сирењето. Ставете уште еден ред од лебот и поросете со колбасот и сирењето. Се покријте со преостанатите исечени кришки леб. Во поголем сад убаво изматете ги јајцата со млекото, сол и црн пипер. Малку истресете ја тавата па покријте ја со алуминиумска фолија и оставете во фрижидер преку ноќ. Наредниот ден рерната загрејте ја на 180 степени.Отстранете ја фолијата од тавата. Ставете ја тавата во рерната и печете час и половина до два, се додека тортата не биде комплетно испечена и не добие убава златно жолта боја.

Пивска кифла

















Состојки
  • 450 г брашно
  • 1 коцка свеж квасец
  • 70 г путер
  • 1 лажичка шеќер
  • 2 јајца
  • 1 - 2 лажички сол
  • ким
  • околу 300 мл млеко
Постапка за изработка: Квасецот ставете го во 200 мл млако млеко, додајте 1 лажичка шеќер измешајте и оставете да стаса. Во длабок сад ставете брашно, на средина направете вдлабнатина и додајте 1 јајце, 30 г путер - омекнат и млекото со квасецот, насолете, а додајте ги и оние останати 100 мл млеко па замесете тесто кое е меко и ви се одвојува од рацете. Убаво измесеното тесто обликувајте го и ставете во соодветен сад да стасува додека не го удвои волуменот. Потоа на работна површина наросена со брашно поделете го на 4 дела. Секое парче тесто повторно малку месете го. Покријте и оставете да стасуваат уште 30 минути. Потоа секоја топка тесто расукајте ја во круг со дебелина од 3 мм, намачкајте со истопен путер и исечете на 4 дела. Од секој дел тесто (налик на триаголник) завиткајте кифла. Секоја кифла редете ја на голема намрсена тава. Намачкајте со изматено јајце и наросете со ким, а потоа тестото повторно оставете го да стасува уште 30 минути. Ставете во рерна загреана на 180 степени и испечете.

Погача со праз

















Состојки
  • Стасано тесто:
  • 250 г брашно
  • 1/2 коцка свеж квасец
  • 1 лажичка сол
  • 125 мл млака вода
  • 1 лажичка шеќер
  • 10 лажици масло, може и маслиново
  • Фил:
  • 2 страка праз
  • тимијан
  • 2 лажици масло
  • сол, црн пипер
  • 200 г кисела павлака, 1 јајце
  • рендано морско оревче, 1 сув колбас
Постапка за изработка: Стасано тесто: брашното исејте го, ставете во соодветен сад и на средина направете вдлабнатина па издробете го квасецот. Додајте малку млака вода, измешајте, наоколу наросете со сол. Оставете 10 минути да стасува. Додајте масло, шеќер и месете 5 минути. Покријте и оставете да стасува додека го удвои волуменот. За тоа време исчистете го празот и ситно исечкајте. Во тавче ставете масло и пржете го празот, околу 5 минути, да омекне но да не изгори. На крај насолете и наросете со црн пипер. Јајцето и киселата павлака измешајте ги, додајте црн пипер и рендано морско оревче. Стасаното етсто земете го од садот и ставете ан работна површина наросена со брашно, неѓно притиснете и расукајте во големина на тавата во која ќе печете, покриена со хартија за печење. Ставете го тестото, малку потренете ги краевите.Оставете малку да стасува. Потоа нанесете ја смесата од јајце и павлака, нафрлете го пржениот рпаз и нафрлете од ситно сечканиот колбас. Печете околу 30 минути во рерна загреана на 200 степени, рабовите убаво да поцрвенат.

Многу печива

















Состојки
  • Кифлички со сирење
  • 1 кг брашно, 3 - 4 јајца, 40 г квасец
  • 2 лажички сол, 1 лажичка шеќер, 250 мл млеко
  • 250 мл вода, 1 филџан масло, 250 г маргарин
  • сирење за филување, јајце за мачкање на кифлите
  • Полнети принцес крофни
  • Тесто:3 филџани (од кафе) вода, 3 филџани масло
  • ½ лажичка сол, ½ кесичка прашок за печиво
  • 200 г брашно, 3 јајца
  • Фил:500 г бело сирење, 200 г кисела павлака
  • 2 црвени печени пиперки или 100 г ајвар, 2 чена лук, сол, црн пипер
  • Шпанска пита
  • 4 јајца, 2 филџани (од кафе) масло, 2 филџани млеко, 200 г кравјо сирење, 7 лажици брашно, 1 кесичка прашок за печиво
  • 3 сечкани црвени кисели пиперки, 5 сечкани кисели краставички, 200 г сечкани пилешки гради или шунка, сол, црн пипер
Стапчиња со сусам и афион: 2 чаши (од јогурт) масло, 2 чаши бело вино, 2 лажички сол, 2 кесички прашок за печиво, 1 кг брашно (по потреба може и повеќе), изматена белка, изматена жолчка, афион, сусам.
Полнети перничиња: Тесто:30 г квасец, 400 г брашно, 1 лажичка сол, 1лажичка шеќер, 100 г маргарин, 2 јајца, 125 мл млеко. Фил:250 г рендан кашкавал, 200 г чадена шунка, 200 г кисела павлака, 1 жолчка. За мачкање:1 жолчка
Канапеи: крекери, маргарин, тенко сечен чаен колбас, сечкана пилешка шунка (може и свинска), тенко сечен кашкавал, полнети зелени маслинки сечени на кругови.
Мафини со печурки: 500 г свежи шампињони, 1 главичка кромид, 5 јајца, 20 лажици брашно, 400 мл јогурт, 1,5 кесичка прашок за печиво, зачинска сол, црн пипер, сечкан магдонос
Погачки: 250 г маргарин, 250 г сирење, 300 г брашно, 1 јајце, 1 кесичка прашок за печиво Питулици: 250 г брашно, 2 јајца, 50 г маргарин, сол, масло, 1 лажица сув квасец

Постапка за изработка: Кифлички со сирење:квасецот со една лажичка шеќер и една лажичка брашно растопете го во млакото млеко и вода. Во поголем сад ставете го исеаното брашно, направете вдлабнување па истурете ги маслото, јајцата, 2 лажички сол и стасаниот квасец. Се убаво замесете и продолжете да месите се додека тестото не престане да ви се лепи за рацете. Обликувајте го и оставете 35 - 40 минути да стасува. Потоа тестото премесете го и поделете на половина. Од првото тесто направете 6 - 7 топчиња. Секое расукајте го и рендајте маргарин па ставајте нова кора. Од сите кори исукајте една голема и поделете ја на 16 делови (сечете како за кифлички). На секоја ставајте по малку сирење и виткајте кифла. Редете ги во плех од шпорет намачкан со масло. Истата постапка повторете ја и со втората половина тесто. Секоја кифличка намачкајте ја со изматено јајце. Печете ги 7 - 8 минути во рерна загреана на 250 степени, а потоа намалете ја температурата на 180 степени и завршете го печењето. Полнети принцес крофни:водата, маслото и солта ставете ги во сад и оставете да зовријат. Полека истурајте го брашното и мешајте да не ви се направат грутки. Пржете го тестото додека не почне да се одвојува од страните на садот. Тргнете го садот на страна и оставете потполно да се излади. Тогаш додајте ги печивото и јајцата, едно по едно. Додајте едно јајце па месете, повторно јајце да добиете "житка" смеса. Плех за печење намачкајте со маргарин и со лажичка ставајте од тестото. Принцес крофните печете ги околу 30 минути во рерна загреана на 200 степени. Кога принцес крофничките потполно ќе се изладат исечете ги при врвот и полнете со подготвената салата. Фил: изрендајте го сирењето па измешајте со киселата павлака. Лукот истолчете го па вмешајте го заедно со ајварот или иситнетите пиперки. Проверете на вкус и по потреба зачинете со сол и црн пипер. Шпанска пита:изматете ги јајцата, млекото, маслото па додајте ги сите други состојки. Смесата истурете ја во правоаголен плех намачкан со масло и посипан со брашно. Испечете на средна температура. Откако ќе се излади исечете ја на коцки и послужете. Стапчиња со сусам и афион:од наведените состојки замесете меко тесто кое не се лепи за рацете. Поделете го на три дела. Секој дел, на побрашнета работна површина расукајте го во дебелина на молив. Горната страна намачкајте ја со изматена белка и посипете со афион. Превртете на другата страна. Сега горната површина намачкајте ја со изматената жолчка и посипете со сусам. Сечете на стапчиња, сами одредете ја должината, и виткајте ги па редете во тава намачкана со масло. Повторете ја постапката и со другите две теста. Подготвените виткани стапчиња печете ги околу 20 минути во рерна загреана на 200 степени. Полнети перничиња:тесто: истопете го квасецот во млекото, додајте му 1 лажичка шеќер, 1 лажичка брашно па оставете да стасува. Маргаринот изматете го пенесто па матете го уште малку со јајцата. Додајте го стасаниот квасец, 1 лажичка сол и брашното. Убаво измесете го тестото на побрашнета работна површина и веднаш расукајте го во правоаголна кора и сечете квадрати. На средина на секој ставајте по една лажица од филот, Краевите од квадратот соберете ги на врвот. Перничињата намачкајте ги со жолчка изматена со неколку капки вода и наредете ги во плех намачкан со маргарин. Печете ги на 200 степени. Најдобро е да ги ставите во ладна рерна па потоа да ја вклучите. Фил: измешајте ги ренданиот кашкавал, ситно сечканата шунка, павлаката и жолчката. Канапеи:секој крекер намачкајте го со тенок слој маргарин па ставете чаен колас, па едно парче кашкавал, шунка и маслинка. завршете со чепкалка. Мафини со печурки:исчистените и измиени печурки ситно исечкајте ги и издинстајте со ситно сечканиот кромид. Зачинете со сол, зачинска сол и црн пипер. Оставете да се излади. Изматете ги јајцата, брашното, јогуртот и печивото. Во изматената и изедначена смеса додајте ги изладените печурки. Се убаво измешајте и смесата истурајте ја во калапи за мафини (ако имате од помалечките) или во алуминиумски модли намачкани со маргарин. Испечете ги на средна температура. Овие мафини можете да ги служите и топли и ладни. Погачки: маргаринот убаво изматете го, додајте го иситнетото сирење, едно цело јајце и брашното измешано со печивото. Убаво измесеното тесто расукајте го на побрашнета работна површина и со модли (со разни форми) сечете погачки. Наредете ги во тава намачкана со маргарин, намачкајте ги со изматена жолчка (со неколку капки вода), посипете со сусам и испечете на средна температура. Питулици:од брашното, јајцата, маргаринот, квасецот и сол со вода замесете тесто. Месете го подолго да ви се одлепува од рацете. Потоа рацете намрсете ги, обликувајте малечки топчиња и оставете ги да стојат половина час. Со дланките сплескајте го секое топче и ставајте го да се прзи на малку загреано масло. Пржете ги од секоја страна а потоа редете на кујнска хартија да им се впие одвишната маснотија.

Цветна долина

















Состојки
  • 1650 г брашно
  • 6 лажички сув квасец
  • 2 јајца
  • 500 мл јогурт
  • 100 мл масло
  • 200 мл млака вода
  • 300 мл млеко
  • 2 лажички сол
  • 2 лажички шеќер
  • Плус:
  • 250 г маргарин
  • 3 лажици брашно
  • 1 жолчка 1 белка
  • 1 жолчка 1 белка
Постапка за изработка: Исеаното брашно измешајте го со квасецот, додајте сол, шеќер, изматени јајца, јогурт, масло, вода и млеко. Замесете меко и мазно тесто. Обликувајте во топка и оставете да стасува. Од стасаното тесто одвојте помал дел и оставете го на работна површина посипана со брашно. Останатото тесто расукајте го во правоаголник (дебел 1 см) и намачкајте со 1/3 од маргаринот. Преклопете како книга и оставете 15 минути да стои. Постапката повторете ја уште два пати. Тестото расукајте го во големина на тавата во која ќе ја печете погачата. Од помалечкиот дел тесто расукајте кора дебела 3 мм. Сечете малечки квадрати, расечете ги на неколку места и спојувајте по три. Пред спојување два квадрати намачкајте со белка а при нанесувањето на третиот малку притиснете со потежок предмет. Така подготвениот цвет нанесете го на површината на тестото. Местото каде што ќе го ставате цветот намачкајте го со белка. Ставајте цветови колку што има простор на основното тесто. Вака подготвената погача намачкајте ја со жолчка (изматена со 3 - 4 капки вода) и ставете ја да се пече. Рерната загрејте ја на 220 степени па погачата печете ја 10 минути. Намалете ја температурата на 200 степени и печете уште 10 минути. Потоа температурата намалете ја на 180 степени и погачата оставете ја да се пече 20 - 25 минути, што најмногу зависи од шпоретот. Испечената погача извадете ја од рерната испрскајте ја со малку вода, покријте со чиста крпа и оставете да стои 10 минути. Извадете ја погачата од тавата, завиткајте во чиста крпа и оставете да се излади па послужете.

Погачки

















Состојки
  • 300 г пилешки гради (или од мисирка)
  • 200 г шампињони
  • 2 - 3 чена лук
  • сол, црн пипер
  • сечкан магдонос
  • 500 г листесто тесто
  • 1 јајце, за мачкање
  • рендан пармезан (или друго жолто сирење)
Постапка за изработка: Пилешките гради исечкајте ги на што поситни коцки и испржете на малку масло. Извадете на чинија и во истото тавче пржете ги шампињоните, исечкани на тенки ливчиња. Кога од печурките ќе испари водата додајте пасиран или ситно сечкан лук и се уште малку пржете. Тргнете го тавчето од ринглата, оставете малку да се излади па додајте во месото, насолете, наросете со црн пипер, додајте сечкан магдонос и се повторно измешајте. Листестото тесто, двете кори, расукајте ги во правоаголник и исечете на квадрати (8 х 8 см). Белката изматете ја со вилушка и намачкајте ги рабовите од секој квадрат. На секое парче тесто ставајте по малку од филот, наросете со пармезан. Сите четири агли префрлете ги кон средината. Намачкајте со изматена жолчка (со неколку капки вода) и префрлете на тава покриена со хартија за печење. Рерната загрејте ја на 220 степени и погачките печете ги 15 до 20 минути. Послужете ги топли.

Полнет леб

















Состојки
  • Тесто:
  • 350 г брашно
  • 100 мл млеко
  • 100 мл вода
  • 30 г путер
  • 1 кесичка сув квасец
  • 2 лажички сол
  • 1 лажичка шеќер
  • За полнење:
  • 1 јајце
  • 200 г салама
  • 100 г кашкавал
  • За мачкање:
  • 1 јајце
Постапка за изработка: Тесто; квасецот ставете го да стасува со шеќерот, 1 лажичка брашно и водата. Во голем сад ставете го брашното, стасаниот квасец и останатите состојки па замесете меко и мазно тесто. Расукајте го во правоаголник со дебелина од 1 см. Намачкајте со изматеното јајце и нафрлајте ги ситно сечканата салама и кашкавал. Тестото исечете го на три ленти, почетокот оставете го цел и сплетете плетенка која ќе ја префрлите во правоаголен долг калап за печење колачи (25 х 10 см). Оставете го лебот да стасува. Рерната загрејте ја на 190 степени, а лебот намачкајте го со изматеното јајце. Печете 30 до 35 минути. Сервирајте топло.

Јајце во пита

















Состојки
  • Тесто:
  • 300 г брашно
  • 125 г маргарин
  • 1 јајце
  • сол
  • по потреба вода
  • Фил:
  • 400 г мелено свинско месо
  • 4 кришки чадена сланина
  • 1 јајце
  • 2 лажици лебни трошки
  • сол, црн пипер
  • каенски пипер
  • варени јајца
Постапка за изработка: Тесто: брашното и омекнатиот маргарин изронете ги, да добиете трошки и поврзете со јајцето, малку сол и вода по потреба, да добиете меко и мазно тесто. Обликувајте во топка, завиткајте во прозирна фолија и префрлете половина час во фрижидер. Фил: сланината исечкајте ја на ситни коцки и пржете на средна температура. Додајте го меленото месо, пржете (месото да ја промени бојата) и тргнете го садот на страна. Во ладното месо додајте зачини по вкус, сол, црн пипер, каенски пипер, лебни трошки да добиете лесна и мека смеса. Извадете го тестото од фрижидер и расукајте на дебелина од ½ см. Со поголем округол калап сечете кругови и ставајте во длабоки калапи за тортички. Во секој калап ставете фил, втиснете излупено тврдо варено јајце, повторно фил, израмнете. Покријте со круг тесто. Сите пити намачкајте ги со изматено јајце. Рерната загрејте ја на 180 степени и испечете ги питите.

Солени стапчиња

















Состојки
  • 370 г урда или младо сирење
  • 250 г маргарин
  • 1 до 2 јајца
  • 400 г брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • сол
  • сусам или ким
Постапка за изработка: изматете го маргаринот, додајте го исцеденото и иситнето сирење и заедно малку матете. Додајте ги сите останати состојки и направете тесто. На работна површина наросена со брашно расукајте го тестото, намачкајте со изматеното јајце и наросете со сусам или ким. Исечете стапчиња и наредете ги во тава покриена со мрсна хартија. Рерната загрејте ја на 180 степени и испечете ги стапчињата. Наместо стапчиња можете да сечете, со разни модли, други облици.

Переци
















Состојки
  • 500 г брашно
  • 250 г маргарин
  • 1 жолчка
  • 150 г рендан кашкавал
  • малку сол
  • 1 коцка свеж квасец
  • 100 мл млеко
  • Плус:
  • 1 жолчка
  • ким, сусам
Постапка за изработка: маргаринот изматете го со жолчката, пенесто, додајте го стасаниот квасец со млекото, малку сол, кашкавалот и брашно па замесете меко и мазно тесто кое се одвојува од рацете. На работна површина наросена со брашно расукајте кора и со калап сечете переци. Редете ги во тава намачкана со маргарин, намачкајте со изматена жолчка и наросете со сусам или ким. Испечете во рерна загреана на 190 степени.

Бовчи
















Состојки
  • 1 кг брашно
  • 1 коцка свеж квасец
  • 500 мл минерална вода
  • Фил:
  • 500 г сирење
  • 3 јајца
  • Плус:
  • сол
  • малку масло
Постапка за изработка: Во вангла за месење истурете ја водата, додајте го изронетиот квасец, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка сол, измешајте. Полека додавајте брашно и змаесете меко и мазно тесто кое не ви се лепи за рацете. На работна површина наросена со брашно од тестото направете голема ролна и исечете 12 еднакви парчиња. Секое парче тесто изработете го во топка и со сукало расукајте во круг. Секој круг мачкајте го со масло и ставајте еден на друг. Едно купче од три круга тесто.Така добиените три кори расукајте ги во голема кора која треба да ја исрпскате со масло и да нанесете 1/4 од филот (сирењето убаво изронете го и измешајте со жолчките). Добиената кора превиткајте ја до една третина и испрскајте со масло, па потоа и другата страна и неа испрскајте ја со масло. Потоа еден крај превиткајте до пола и испрскајте со масло па потоа другиот и испрскајте со масло. Потоа земајте ги краевите и составете како бовча. Ставете во плех намачкан со масло. Истото направете го и со останатите парчиња тесто за да добиете четири бовчи. Подготвените бовчи печете ги во рерна загреана на 200 степени додека убаво не поцрвенат.

Солено рафаело
















Состојки
  • 1 јајце
  • 1 жолчка
  • 250 г маргарин
  • 100 мл млеко
  • 1/2 кесичка прашок за печиво
  • сол
  • 400 г брашно
  • Плус:
  • печени и лупени кикирики
  • сусам
  • 1 белка
Постапка за изработка: Наведените состојки изматете ги и замесете меко тесто. Правете малечки топчиња и во секое ставајте по 2 испечени и лупени кикирики. повторно формирајте топче и валкајте ги во изматена белка а потоа во сусам. Редете во тава покриена со хартија за печење. Ставете во рерна загреана на 200 степени и испечете.

Пирошки од стар леб
















Состојки
  • 500 г стоен леб
  • 100 г кашкавал
  • 100 г сувомесен производ
  • 100 г лебни трошки
  • 1 морков
  • 3 кисели краставички
  • 1 јајце
  • зачини по вкус
  • Плус:
  • 150 г брашно
  • 2 јајца
  • лебни трошки
  • маслo
Постапка за изработка: Лебот натопете го во вода, потоа исцедете од одвишната течност и изронете. Кашкавалот изрендајте на крупно, краставичките и сувомесното ситно исечкајте ги, како и исчистениот морков, додајте јајце и лебни трошки. Убаво измесете, зачинете по вкус и измесете компактна смеса. Од подготвената смеса обликувајте пирошки. Валкајте ги во брашно, потоа во изматено јајце и на крај во лебни трошки па пржете во загреано масло додека не поцрвенат од сите страни. Послужете ги топли.