Tuesday, December 7, 2010

Аргентинска торта


Кора:
4 јајца
4 кажици шеќер
2 рамни лажици какао
2 лажици остро брашно
Фил:
250 г маргарин со вкус на слатка павлака
200 г шеќер во прав
100 г истопено чоколадо за готвење
3 јајца
100 г мелени печени лешници
100 г еуро крем или друг нугат крем
Прелив:
2 кесички шлаг пена со вкус на слатка павлака
1 кесичка кремфикс
200 мл минерална газирана вода за шлагот
Подготовка: кора: изматете ги жолчките со шеќерот, додајте какао, брашно и на крај, со лажица, нежната пена од белките. Кората истурете ја во помал правоаголен плех намачкан со масло и наросен со брашно. Кората печете ја во рерна загреана на 200 степени додека кората не почне да се одвојува од рабовите на тавата. Префрлете ја кората на чиста кујнска крпа и оставете да се излади.
За филот на пареа матете ги јајцата со 100 г шеќер во прав, да добиете густ крем. Посебно изматете го маргаринот со останатиот шеќер во прав, додајте го изладениот крем од јајцата и се убаво соединете - изматете, додајте ги и останатите состојки - чоколадо, лешници и еурокрем, измешајте.
Изладената кора ставете ја во тавата или друг соодветен сад и нанесете го филот. Префрлете во фрижидер малку да се излади и стегне. Изматете ги шлаг пените според  упатството и кремфиксот за да добиете цврст шлаг. Нанесете над филот, израмнете и се повторно, до служење, вратете во фрижидер.
П.С. Не се вознемирувајте доколку кората ви излезе брановидна како на фотографијата, може и тоа да се случи и не е страшно. Но, интересно е - сигурно.

Оревници


Потребно е:
6 тенки кори за баклава
3 јајца
една чаша кисела павлака
3 лажици шеќер (или по вкус)
1 филџан (од кафе) масло
1 длабока чинија мелени ореви

Плус:
шеќер во прав
ванилин шеќер

Подготовка: со миксер изматете ги јајцата со шеќерот, вмешајте ја со вилушка изматената кисела павлака и мелените ореви да добиете густина како на фотографијата.
Корите ставете ги една врз друга и исечете на 4 дела, да добиете 24 парчиња. Секоа парче - лист кора намачкајте го (со четка) со масло, обилно нанесете од смесата со ореви и завиткајте како ролат, а потоа обликувајте полжав. На средина на секој полжав ставете по една јатка орев.

Плехот за печење намачкајте го со масло и наредете ги полжавите. Лесно по површината намачкајте ги со масло и ставете да се печат во рерна загреана на 200 степени. По десетина минути намалете ја температурата на 150 степени и завршете го печењето.
Испечените полжави - оревници оставете ги да се изладат а потоа валкајте во шеќер во прав замирисан со ванилин шеќер.

Saturday, October 3, 2009

Корнет торта















Кора:
4 јајца
4 лажици шеќер
4 лажици брашно
2 лажици какао
Фил:
500 мл слатка павлака
100 г чоколадо
50 г печени лешници
Глазура:
50 г чоколадо
2 лажици масло
Украс:
100 мл слатка павлака
неколку корнети за сладолед
Кора:одвојте ги белките од жолчките, Белките изматете ги во цврст снег па додајте шеќер. На изматената смеса од белки постепено додавајте ги жолчките, една по една. Кога ќе добиете воздушеста и хомогена смеса додајте ги брашното и какаото. Подготвената смеса истурете ја во калап за торта покриен со хартија за печење. Ставете во рерна загреана на 200 степени и печете околу 25 минути. Тестото оставете да се излади, исечете на половина.
Во длабок сад ставете ја слатката павлака, чоколадото истопете го на ниска температура и додајте во павлаката заедно со иситнетите лешници.
Дното од калапот за торта покријте го со 1/2 тесто. Истурете го филот и покријте со горната кора. Чоколадото истопете го со малку масло и истурете врз горната кора. Ставете ги корнетите на тортата, а најдобро ако секој наполните со фил. Изматете ја слатката павлака и украсете ја тортата.

Погача со праз















Стасано тесто:
250 г брашно
1/2 коцка свеж квасец
1 лажичка сол
125 мл млака вода
1 лажичка шеќер
10 лажици масло, може и маслиново
Фил:
2 страка праз
тимијан
2 лажици масло
сол, црн пипер
200 г кисела павлака
1 јајце
рендано морско оревче
1  сув колбас
Стасано тесто: брашното исејте го, ставете во соодветен сад и на средина направете вдлабнатина па издробете го квасецот. Додајте малку млака вода, измешајте, наоколу наросете со сол. Оставете 10 минути да стасува. Додајте масло, шеќер и месете 5 минути. Покријте и оставете да стасува додека го удвои волуменот.
За тоа време исчистете го празот и ситно исечкајте. Во тавче ставете масло и пржете го празот, околу 5 минути, да омекне но да не изгори. На крај насолете и наросете со црн пипер.
Јајцето и киселата павлака измешајте ги, додајте црн пипер и рендано морско оревче.
Стасаното етсто земете го од садот и ставете ан работна површина наросена со брашно, неѓно притиснете и расукајте во големина на тавата во која ќе печете, покриена со хартија за печење. Ставете го тестото, малку потренете ги краевите.Оставете малку да стасува. Потоа нанесете ја смесата од јајце и павлака, нафрлете го пржениот рпаз и нафрлете од ситно сечканиот колбас. Печете околу 30 минути во рерна загреана на 200 степени, рабовите убаво да поцрвенат.

Пржени чоколадни топчиња















Потребно е:
100 г чоколадо
60 мл слатка павлака
1 лажица какао
Тесто:
1 јајце
160 г брашно
1 лажичка прашок за печиво
200 мл млеко
1 прстофат сол
Плус:
масло за пржење
Подготовка:искршете го чоколадото и заедно со павлаката загревајте да се поврзат состојките. Убаво измешајте и оставете на страна да се излади. Потоа од смесата правете топчиња со големина на орев и префрлете на еден час во фрижидер.
Од јајцето, млекото и брашното со печивото и малку сол изматете тесто за панирање, со густина како за колачи.
Во соодветен сад загрејте масло. Убаво стврднатите топчиња чоколадо вронувајте ги во смесата за панирање и пржете ги многу бргу во загреано малсо, по 4 - 5 секунди од секоја страна. Бидете прзи во пржењето бидејќи чоколадото моѓе да се истопи.
Готовите топчиња со чоколадо извадете ги на кујнска хартија и сервирајте ги топли наросени со какао.

Обланди со таан алва















1 пакување обланди
3 лажици млеко
200 г таан алва
200 г шеќер во прав
2 лажици какао
250 г маргарин
Во соодветен сад ставете ги маргаринот, млекото шеќерот во прав, какаото и алвата. Загревајте на средна температура. Кога состојките ќе се поврзат тргнете го садот на страна и оставете филот да се излади. Првиот лист обланди намачкајте го со фил, покријте со втор лист, повторно фил. Покријте со последниот лист. Убаво притиснете и сотавете да се излади.
Потоа сечете парчиња и сервирајте.

Кока кола колач















Кора:
6 јајца
6 лажици шеќер
6 лажици брашно
1/2 кесичка прашок за печиво
1 - 2 лажици какао
100 мл млеко, ладно
100 мл кока кола
Фил:
100 г маргарин
150 г шеќер во прав
1 кесичка ванилин шеќер
150 г мелени ореви
200 г мелени бисквити
300 мл кока кола
2 лажици рум
Подготовка: кора: изматете ги јајцата со шеќерот. Додајте брашно измешано со печивото и какаото, се убаво измешајте. Смесата истурете ја во правоаголен плех од шпорет намачкан со масло и наросен со брашно и ставете во рерна загреана на 180 степени. Печете околу 10 минути.Потоа температурата зголемете ја на 200 степени и печете уште 5 минути. Испечената кора извадете од рерната и уште врела накапете со млеко и кока кола па оставете да се излади.
Крем: маргаринот изматете го со шеќерот во прав и ванилиниот шеќер. Мелените ореви измешајте ги со мелените бисквити и поврзете со кока колата и румот. Се соединете и изматете. Ако смесата ви е ретка оддајте мелени ореви или бисквити.
Филот нанесете го над кората, израмнете и колачот префрлете го во фрижидер. можете да го осравите како што е или да ставите чоколадна глазура по ваш испробан рецепт.
Колачот до служење оставете го во фрижидер.