Saturday, October 3, 2009

Корнет торта















Кора:
4 јајца
4 лажици шеќер
4 лажици брашно
2 лажици какао
Фил:
500 мл слатка павлака
100 г чоколадо
50 г печени лешници
Глазура:
50 г чоколадо
2 лажици масло
Украс:
100 мл слатка павлака
неколку корнети за сладолед
Кора:одвојте ги белките од жолчките, Белките изматете ги во цврст снег па додајте шеќер. На изматената смеса од белки постепено додавајте ги жолчките, една по една. Кога ќе добиете воздушеста и хомогена смеса додајте ги брашното и какаото. Подготвената смеса истурете ја во калап за торта покриен со хартија за печење. Ставете во рерна загреана на 200 степени и печете околу 25 минути. Тестото оставете да се излади, исечете на половина.
Во длабок сад ставете ја слатката павлака, чоколадото истопете го на ниска температура и додајте во павлаката заедно со иситнетите лешници.
Дното од калапот за торта покријте го со 1/2 тесто. Истурете го филот и покријте со горната кора. Чоколадото истопете го со малку масло и истурете врз горната кора. Ставете ги корнетите на тортата, а најдобро ако секој наполните со фил. Изматете ја слатката павлака и украсете ја тортата.

Погача со праз















Стасано тесто:
250 г брашно
1/2 коцка свеж квасец
1 лажичка сол
125 мл млака вода
1 лажичка шеќер
10 лажици масло, може и маслиново
Фил:
2 страка праз
тимијан
2 лажици масло
сол, црн пипер
200 г кисела павлака
1 јајце
рендано морско оревче
1  сув колбас
Стасано тесто: брашното исејте го, ставете во соодветен сад и на средина направете вдлабнатина па издробете го квасецот. Додајте малку млака вода, измешајте, наоколу наросете со сол. Оставете 10 минути да стасува. Додајте масло, шеќер и месете 5 минути. Покријте и оставете да стасува додека го удвои волуменот.
За тоа време исчистете го празот и ситно исечкајте. Во тавче ставете масло и пржете го празот, околу 5 минути, да омекне но да не изгори. На крај насолете и наросете со црн пипер.
Јајцето и киселата павлака измешајте ги, додајте црн пипер и рендано морско оревче.
Стасаното етсто земете го од садот и ставете ан работна површина наросена со брашно, неѓно притиснете и расукајте во големина на тавата во која ќе печете, покриена со хартија за печење. Ставете го тестото, малку потренете ги краевите.Оставете малку да стасува. Потоа нанесете ја смесата од јајце и павлака, нафрлете го пржениот рпаз и нафрлете од ситно сечканиот колбас. Печете околу 30 минути во рерна загреана на 200 степени, рабовите убаво да поцрвенат.

Пржени чоколадни топчиња















Потребно е:
100 г чоколадо
60 мл слатка павлака
1 лажица какао
Тесто:
1 јајце
160 г брашно
1 лажичка прашок за печиво
200 мл млеко
1 прстофат сол
Плус:
масло за пржење
Подготовка:искршете го чоколадото и заедно со павлаката загревајте да се поврзат состојките. Убаво измешајте и оставете на страна да се излади. Потоа од смесата правете топчиња со големина на орев и префрлете на еден час во фрижидер.
Од јајцето, млекото и брашното со печивото и малку сол изматете тесто за панирање, со густина како за колачи.
Во соодветен сад загрејте масло. Убаво стврднатите топчиња чоколадо вронувајте ги во смесата за панирање и пржете ги многу бргу во загреано малсо, по 4 - 5 секунди од секоја страна. Бидете прзи во пржењето бидејќи чоколадото моѓе да се истопи.
Готовите топчиња со чоколадо извадете ги на кујнска хартија и сервирајте ги топли наросени со какао.

Обланди со таан алва















1 пакување обланди
3 лажици млеко
200 г таан алва
200 г шеќер во прав
2 лажици какао
250 г маргарин
Во соодветен сад ставете ги маргаринот, млекото шеќерот во прав, какаото и алвата. Загревајте на средна температура. Кога состојките ќе се поврзат тргнете го садот на страна и оставете филот да се излади. Првиот лист обланди намачкајте го со фил, покријте со втор лист, повторно фил. Покријте со последниот лист. Убаво притиснете и сотавете да се излади.
Потоа сечете парчиња и сервирајте.

Кока кола колач















Кора:
6 јајца
6 лажици шеќер
6 лажици брашно
1/2 кесичка прашок за печиво
1 - 2 лажици какао
100 мл млеко, ладно
100 мл кока кола
Фил:
100 г маргарин
150 г шеќер во прав
1 кесичка ванилин шеќер
150 г мелени ореви
200 г мелени бисквити
300 мл кока кола
2 лажици рум
Подготовка: кора: изматете ги јајцата со шеќерот. Додајте брашно измешано со печивото и какаото, се убаво измешајте. Смесата истурете ја во правоаголен плех од шпорет намачкан со масло и наросен со брашно и ставете во рерна загреана на 180 степени. Печете околу 10 минути.Потоа температурата зголемете ја на 200 степени и печете уште 5 минути. Испечената кора извадете од рерната и уште врела накапете со млеко и кока кола па оставете да се излади.
Крем: маргаринот изматете го со шеќерот во прав и ванилиниот шеќер. Мелените ореви измешајте ги со мелените бисквити и поврзете со кока колата и румот. Се соединете и изматете. Ако смесата ви е ретка оддајте мелени ореви или бисквити.
Филот нанесете го над кората, израмнете и колачот префрлете го во фрижидер. можете да го осравите како што е или да ставите чоколадна глазура по ваш испробан рецепт.
Колачот до служење оставете го во фрижидер.

Брза мусака















Потребно е:
4 компири
500 г мелено месо
1 главичка кромид
600 г бешамел сос
7 јајца
2 коцки за супа
сол
Бешамел сос:
50 г маргарин
50 г брашно
600 мл млеко
Подготовка: бешамел сос: маргаринот истопете го на средна температура. Додајте го брашното и малку испржете. Со постојано мешање додавајте го млекото и сварете сос. Тргнете на страна да се излади.
Излупените компири сварете ги во насолена вода. На масло пржете ги меленото месо и сечканиот кромид.Кога месото ќе добие боја додајте ги коцките за супа, измешајте.
Јајцата изматете ги, додајте го изладениот бешамел сос, убаво измешајте и по вкус насолете.
Во намрсена правоаголна тава наредете ги компирите исечени на кругови. Распоредете го месото и полијте со смесата од јајца и бешемел сос. Ставете во рерна загреана на 200 степени и печете околу 10 минути, додека површината не добие убава црвена боја.

Мусака од пилешко со маслинки















Потребно е:
1 пиле
1/2 шоља (од 250 г) ориз
3 јајца
2 главички кромид
1/2 главичка лук
15 - 20 маслинки
100 г кашкавал
масло
сол, црн пипер
Подготовка: пилето исчистете го, исечете на парчиња и сварете. Исцедете и иситнете на малечки парчиња. Кромидот исчистете го, сиитно исечкајте и испржете на масло. Додајте го оризот и се заедно пржете уште неколку секунди. Во соодветна тава ставете ги месото и истолчениот лук. Потоа наредете ги масликите без коски и исечкани и кромидот со оризот, измешајте. Зачинете со сол и црн пипер. Залијте со 1,5 шоља супе од кокошка и изматените жолчки. Ставете во умерена рерна и печете. На крај муcаката полијте ја со изматените белки во кои сте додале рендан кашкавал. Печете уште 10 минути.

Богати кокос коцки















За подготовка на овој колач потребно ви е од се по малку и 2 јајца. Нема многу матење, а ако сакате суви колачи кои лесно се подготвуваат не се двоумете. Покрај тоа е и многу вкусен.
Потребно е:
1 шоља (од 200 г) брашно
1 лажичка прашок за печиво
1/2 лажичка сол
1 +1/4 шоља шеќер
1/4 шоља масло
2 лажици млеко
2 јајца
1,5 шоља крупно мелени ореви, лешници
100 г чоколадо за готвење,мелено, или 50 г какао
3/4 шоља сечкано суво овошје
1/2 шоља кокосово брашно




















































































Подготовка: рерната вклучете ја на 175 степени. Тавата за печење намачкајте ја со масло и наросете со 2 лажици брашно. Во соодветен сад ставете го брашното, печивото, солта, измешајте. Измешајте ги шеќерот, маслото, млекото и јајцата во поголем сад, изматете. Додајте ја смесата со брашно, измешајте да се поврзат состојките. Сега додајте ги
оревите, сечканото суво овошје, лесно измешајте и истурете во правоаголна тава покриена со хартија за печење. По површината наросете со кокосовото брашно. Печете во рерна загреана на 180 степени.
Испечениот и изладен колач исечете го на коцки и послужете.