Thursday, September 3, 2009

Цветна долина

















Состојки
  • 1650 г брашно
  • 6 лажички сув квасец
  • 2 јајца
  • 500 мл јогурт
  • 100 мл масло
  • 200 мл млака вода
  • 300 мл млеко
  • 2 лажички сол
  • 2 лажички шеќер
  • Плус:
  • 250 г маргарин
  • 3 лажици брашно
  • 1 жолчка 1 белка
  • 1 жолчка 1 белка
Постапка за изработка: Исеаното брашно измешајте го со квасецот, додајте сол, шеќер, изматени јајца, јогурт, масло, вода и млеко. Замесете меко и мазно тесто. Обликувајте во топка и оставете да стасува. Од стасаното тесто одвојте помал дел и оставете го на работна површина посипана со брашно. Останатото тесто расукајте го во правоаголник (дебел 1 см) и намачкајте со 1/3 од маргаринот. Преклопете како книга и оставете 15 минути да стои. Постапката повторете ја уште два пати. Тестото расукајте го во големина на тавата во која ќе ја печете погачата. Од помалечкиот дел тесто расукајте кора дебела 3 мм. Сечете малечки квадрати, расечете ги на неколку места и спојувајте по три. Пред спојување два квадрати намачкајте со белка а при нанесувањето на третиот малку притиснете со потежок предмет. Така подготвениот цвет нанесете го на површината на тестото. Местото каде што ќе го ставате цветот намачкајте го со белка. Ставајте цветови колку што има простор на основното тесто. Вака подготвената погача намачкајте ја со жолчка (изматена со 3 - 4 капки вода) и ставете ја да се пече. Рерната загрејте ја на 220 степени па погачата печете ја 10 минути. Намалете ја температурата на 200 степени и печете уште 10 минути. Потоа температурата намалете ја на 180 степени и погачата оставете ја да се пече 20 - 25 минути, што најмногу зависи од шпоретот. Испечената погача извадете ја од рерната испрскајте ја со малку вода, покријте со чиста крпа и оставете да стои 10 минути. Извадете ја погачата од тавата, завиткајте во чиста крпа и оставете да се излади па послужете.

No comments:

Post a Comment