Thursday, September 3, 2009

Бовчи
















Состојки
  • 1 кг брашно
  • 1 коцка свеж квасец
  • 500 мл минерална вода
  • Фил:
  • 500 г сирење
  • 3 јајца
  • Плус:
  • сол
  • малку масло
Постапка за изработка: Во вангла за месење истурете ја водата, додајте го изронетиот квасец, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка сол, измешајте. Полека додавајте брашно и змаесете меко и мазно тесто кое не ви се лепи за рацете. На работна површина наросена со брашно од тестото направете голема ролна и исечете 12 еднакви парчиња. Секое парче тесто изработете го во топка и со сукало расукајте во круг. Секој круг мачкајте го со масло и ставајте еден на друг. Едно купче од три круга тесто.Така добиените три кори расукајте ги во голема кора која треба да ја исрпскате со масло и да нанесете 1/4 од филот (сирењето убаво изронете го и измешајте со жолчките). Добиената кора превиткајте ја до една третина и испрскајте со масло, па потоа и другата страна и неа испрскајте ја со масло. Потоа еден крај превиткајте до пола и испрскајте со масло па потоа другиот и испрскајте со масло. Потоа земајте ги краевите и составете како бовча. Ставете во плех намачкан со масло. Истото направете го и со останатите парчиња тесто за да добиете четири бовчи. Подготвените бовчи печете ги во рерна загреана на 200 степени додека убаво не поцрвенат.

No comments:

Post a Comment